Каква иднина има модуларната болница во Велeс?

Петар Печков

Одговарајќи на прашање од ТрМр за модуларната болница дали и за што ќе се користи, министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека не може да се користат како болници. Искуството од Тетово, каде живи изгореа 15 пациенти, е причина објектите засега да стојат неискористени и празни, потенцира министерот за здравство Таравари,.

„Генерално модуларните болници се пренаменуваат. Но не во болници, туку може да се користат за амбуланти или за други објекти потребни на другите министерства. Министерството за здравство не ги планира, тоа ќе си решат болниците, за каква намена. После настанот од Тетово, откако 15 пациенти познато е како завршија, тие болници не смееме да помислиме да ги активираме,  да ги користиме за времени објекти за болници“ – кажа Таравари.

Тој за детални информации за можното користење на објектот во Велес, препрати до директорот  на велешка болница, Александар Бузалков.

„Не сме размислувале за можно користење. Како имот се грижиме за нејзината состојба. За понатаму ќе се најде намената“ – рече директорот Бузалков.

Министерот за здравство Таравар одговори  дека од денес лекот ОЗЕМПЕК, против гојазност веќе го има на Клиниката за ендокринологија, откако 10- 15 дена не беше достапен за пациентите со дијабетес. Дополни дека годинава 200 нови пациенти ќе се третираат со овој лек, против обезност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати